Фазли погоди по долг период

Локоси омилена мета на македонските играчи во ХНЛ

Самир Фазли погоди по подолг период за Рудеш во хрватското првенство, а повторно омилена мета на нашите играчи во ХНЛ беше Локомотива од Загреб

објавено: 18 април 2018 - 18:51

Самир Фазли погоди по подолг период за Рудеш во хрватското првенство, а повторно омилена мета на нашите играчи во ХНЛ беше Локомотива од Загреб. Тим против кој во претходното коло двапати погоди Мирко Ивановски за Славен Белупо.

Денеска и Фазли беше прецизен против популарните „Локоси“, кои сепак освојуваат бодови. Го победија Славен во претходната рунда со 5:2, а денеска и голот на Фалзи не ги спречи да слават на гостински терен со 2:1.

Најново во Фудбал