„ФЕНЕРЏИЈАТА“ ВО СЕРИЈА А, ЗАГУБИ И ОД КИЕВО

Лошо им се пишува на Несторовски и Трајковски во Палермо

Не помогна ниту доаѓањето на новиот тренер Еугенио Корини на клупата на тимот од Сицилија, кој остана „закован“ на дното од табелата во Серија А

објавено: 11 декември 2016 - 16:54

Палермо продолжува да реди порази. Тимот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, пред своите навивачи загуби со 0:2 од Киево, во 16 коло на Серија А. Ова е вкупно 10 пораз во низа за Палермо (девет во Серија А и еден во Купот на Италија), со што само покажува колку лошо игра тимот. 

Единствена светла точка во Палермо е напиот Илија Несторовски, но тој едноставно не може сам да ја прекине оваа очајна низа. Против Киево, Илија го одигра целиот меч, но не се запиша во листата на стрелци. Остана на седум погодоци, што е апсолутно најдобар стрелец сезонава. 

На средбата против Киево, по подолга пауза во составот се врати и Трајковски. Офанзивецот беше повреден, а сега се најде на клупата за резерви, но не влезе во игра. Палермо по овој дуел остана на само шест освоени бодови и е „закован“ на дното од табелата во Серија А. 

Доколку екипата продолжи со слабите резултати, мхногу веројатно е дека Палермо на крајот од сезоната нема да обезбеди опстанок во Серија А. 

Во останатите мечеви одиграни денеска во Серија А: Калјари - Наполи 0:5, Аталанта - Удинезе 1:3, Болоња - Емполи 0:0, Торино - Јувентус 1:3.

Вечерва  од 20:45 часот, Интер на „Џузепе Меаца“ ја пречекува Џенова, на Горан Пандев. 

Најново во Фудбал