Не издржаа

Луд меч на „Еланд Роуд“ - Алиоски и Лидс поразени со 3:4 од Милвол

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс одиграа луд меч против Милвол и по многу пресврти сепак на крајот загубија со 3:4

објавено: 20 јануари 2018 - 18:01

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс одиграа луд меч против Милвол и по многу пресврти сепак на крајот загубија со 3:4.

По негативата од 0:2 по првиот дел и со играч помалку, домаќините направија чудесен пресврт и со три гола за само 16 минути на почетокот на вториот дел поведоа со 3:2.

Сепак гостите од Лондон притиснаа и ја искористија предноста од играч повеќе за победа од 4:3. Лидс по овој пораз падна на десеттата позиција со 43 бода и е надвор од зоната за бараж во Премиерлигата.

Алиоски го одигра целиот меч, но не постигна гол за Лидс.

Најново во Фудбал