Се поизвесен е трансферот на македонскиот репрезентативец

Лугано даде зелено светло, Фрајбург е најблиску до Алиоски

Езгјан Алиоски е се поблиску до заминување од Лугано, а најконкретна понуда до клубот стаса од Бундеслигашот Фрајбург

објавено: 10 јануари 2017 - 08:45

Езгјан Алиоски е се поблиску до заминување од Лугано, а најконкретна понуда до клубот стаса од Бундеслигашот Фрајбург. 

Според информациите во швајцарските медиуми, Лугано дозволил да се преговара за трансфер на нашиот репрезентативец, а веднаш реагирале од раководството на Фрајбург. Клуб кој има амбиции да игра во европските купови и по есенскиот дел се наоѓа на осмата позиција со 23 бода, само 4 помалку од местата кои гарантираат настап во Европа Лигата на УЕФА.

Менаџерот на Алиоски, Дино Ламберти во интервју за швајцарските медиуми пред Нова година наговести дека Езџан има понуди од три клуба. Едниот е од Бундеслигата, со амбиции за настап во Лигата на шампионите, вториот од средината на табелата во англиската Премиерлига, а третиот е од долниот дел на табелата во Серија А во Италија. Се споменуваа Херта, Стоук и Палермо, но сега прв кандидат е Фрајбург.

Лугано во зимскиот трансфер период вбеќе го ангажираше напаѓачот на албанската репрезентација Армандо Садику, кој ни даде гол на квалификацискиот дуел во Скадар, а ангажиран е и бразислкиот ас Карлињос јуниор, што дава простор Алиоски да ја смени средината.

Најново во Фудбал