Го постигна 14. гол сезонава

Махмудов редовно си погодува, џабе се головите, Дордрехт нема шанси за Прва лига

Денис Махмудов си погодува редовно во Втората холандска лига, и вечерва даде гол за Дордрехт, но се е џабе за тимот. По поразот од младинците на ПСВ, Денис и соиграчите на едно коло до крајот немаат шанса за плејоф

објавено: 20 април 2018 - 22:23

Денис Махмудов си погодува редовно во Втората холандска лига, и вечерва даде гол за Дордрехт, но се е џабе за тимот. По поразот од младинците на ПСВ, Денис и соиграчите на едно коло до крајот немаат шанса за плејоф.

Махмудов е на делба на 12. позиција на листата со најдобри стрелци, но Дордрехт со серија од пет порази ги загуби шансите за настап во плејофот за пробив во највисок ранг на натпревари.

Во пол-позиција за директен пласман во Првата лига е Стефан Ашковски со Фортуна Ситард по победата против младинците на Утрехт. Гостите славеа со 1:0 и треба да ги победат младинците на ПСВ Ајндховен на домашен терен за промоција.

Најново во Фудбал