Го постигна 12 гол сезонaва, сепак само за пораз

Махмудов се распука, Дордрехт загуби

Денис Махмудов повторно е стрелец на гол за Дордрехт, втор по ред во последните две кола, но денеска доволно само за пораз од втората екипа на Ајакс. Затоа во победничко расположение остана Стефан Ашковски како лидер во втората холандска лига со Фортуна по убедливата победа од 3:0 над Хелмонд

 

објавено: 2 април 2018 - 16:39

Денис Махмудов повторно е стрелец на гол за Дордрехт, втор по ред во последните две кола, но денеска доволно само за пораз од втората екипа на Ајакс. Затоа во победничко расположение остана Стефан Ашковски како лидер во втората холандска лига со Фортуна по убедливата победа од 3:0 над Хелмонд.

И двајцата наши интернационалци беа стартери за своите екипи, а Махмудов со гол во 48. минута израмни на 2:2, но Дордрехт не издржа и загуби со 2:3. За Денис ова е 12. гол сезонава со што се израмни со ефектот на Ашковски. Стефан играше за Фортуна Ситард од почеток, по подолго време и имаше одличен придонес во победата од 3:0 против Хелмонд.

Клубот од Ситард го задржа првото место на табелата кое води во Првата лига. Фортуна има 65 бода, еден повеќе од НЕЦ Најмехен и од младинците на Ајакс на пет кола до крајот. Првопласираната екипа оди директно во повисок ранг на натпревари.

Дордрехт е на осмата позиција, која гарантира доигрување за евентуален пат до Првата холандска лига.

Најново во Фудбал