НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ НАЈЗАСЛУЖНИ ЗА ПОБЕДАТА НАД ПЕРУЏА

Македонците најдобро оценети: Радосни во Палермо, пак „летаме“ со Несто!

Палермо останува непоразен оваа сезона во италијанската Серија Б, во својот четврти натпревар на домашен терен со 4:1 ја совлада Перуџа. Повеќе околу тој меч можете да прочиате ТУКА

објавено: 23 септември 2018 - 11:20

Најзаслужни за трите бода на избраниците на тренерот Тедино беа Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Фановите можат да здивнат, односно се вратија нивните насмевки, бидејќи Несторовски повторно ги стрела противничките мрежи.

Ги постигна првите два гола оваа сезона, а заедно со Трајковски (кој имаше асистенција и погодок) беа најдобро оценети после мечот со Перуџа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Палермо се радува што капитенот се враќа, потоа Газета дело Спорт пишува „Летаме со Несто"...

Последен пат Несторовски во Серија Б стрелаше дури на почетокот од април годинава во текот на изминатата сезона. Нашиот репрезентативец изјавил дека е веќе фокусиран за следниот меч со Бреша.

Македонците се меѓу најдобро оценетите, Несторовски доби највисока оценка 7.5, а Трајковски 7, колку и неговите тимски колеги Белуши и Хаас.

На табелата Палермо е на третата позиција со 8 бодови, зад водечките екипи Верона (10) и Читадела (9). Следниот меч Палермо ќе го има во вторник на гостувањето кај Бреша.

Најново во Фудбал