Македонскиот стратег и неговиот тим елиминирани

Хаџиевски и Хата останаа без финале во Претседателскиот куп

Барада со голот во 71 минута донесе голема радост за Ал Наср кој успеа да се пласира во финалето, откако го елиминираа тимот кој е воден од искусниот македонски тренер

објавено: 20 април 2017 - 19:35

Ѓоко Хаџиевски беше блиску до сензација со Хата која за малку не успеа да се пласира во финалето од купот на ОАЕ. Искусниот македонски стратег и неговите фудбалери изгубија во полуфиналето од Ал Наср и тоа минимално, со 0:1.

Абделазиз Барада во 71 минута ја „матираше" одбраната на Хата, која во останатиот дел од мечот беше речиси перфектна. Доколку Хата се пласираше финалето, тоа ќе беше нивни најголем успех во клупската историја.

Хаџиевски не успеа со пласман во финале да ја круниса неговата одлична работа со овој клуб, кој практично го препороди.

Ал Наср, пак, во финалето ќе се бори за титулата против Ал Вахда.

Најново во Фудбал