По одличната сезона во Примавера во Италија за Аталанта

Македонија бие битка за него, Кулушевски е мега-талент што ќе се кали во Арсенал

Дејан Кулушевски има само 17 години и е екстра талентиран фудбалер, за кој голема битка бијат Шведска и Македонија, а на клупски план интересот на Арсенал е само потврда за квалитет

објавено: 11 април 2018 - 16:21

Дејан Кулушевски има само 17 години и е екстра талентиран фудбалер, за кој голема битка бијат Шведска и Македонија, а на клупски план интересот на Арсенал е само потврда за квалитет.

Кулушевски одигра прекрасна сезона за јуниорите на Аталанта и беше најдобар играч на тимот од Бергамо, па го привлече интересот на гигантите. Прв на ред чека Арсенал, откако Арсен Венгер добил препораки да се ангажира Дејан.

Кулушевски одигра еден турнир за јуниорските селекции на Македонија, но потоа одлучи да игра за младите селекции на Шведска. Битката за него се уште не загубена и во иднина би можеле да вродат со плод напорите тој да игра за Македонија.

Најново во Фудбал