Зампарини не го дава нашето дуо во зимскиот преоден рок

Македонскиот тандем не мрда од Палермо, си одат Скандинавците

Палермо е под голем притисок да го продаде Илија Несторовски, понуди има од неколку европски клубови, но претседателот на клубот Маурицио Зампарини не сака ниту да чуе за трансфер на македонскиот репрезентативец, ниту за продажба на Александар Трајковски

објавено: 25 декември 2016 - 14:36

Палермо е под голем притисок да го продаде Илија Несторовски, понуди има од неколку европски клубови, но претседателот на клубот Маурицио Зампарини не сака ниту да чуе за трансфер на македонскиот репрезентативец, ниту за продажба на Александар Трајковски.

Според изјавите во интервјуто на Зампарини за италијанските медиуми, македонското дуо сигурно останува во Палермо, барем до летоска, а веројатно ќе си замине скандинавскиот тандем Хилјемарк и Кваисон.

„Хилјемарк сака да си оди и немаме ништо против тој да си замине. Сакаме Кваисон да остане во клубот, но не смееме да ризикуваме да останеме без отштета, бидејќи договорот му истекува на лето. За него има и понуди и веројатно ќе прифатиме една од нив во зимскиот преоден рок“, изјави Зампарини.

Хилјемарк дојде лани летото од ПСВ Ајндховен, како младински европски првак со Шведска, но не ги задоволи вкусовите на Сицилија. Има 4-годишен договор со Палермо, но речиси сигурно нема да го одработи до крај. Кваисон исто така има шампионска круна од ЕП за млади во Чешка во 2015 година, но тој и тогаш беше член на Палермо, клуб за кој потпиша тригодишен договор. Робин игра сосема солидно сезонава за екипата од Сицилија, но не сака да го продолжи договорот, па веројатно ќе си замине.  

Најново во Фудбал