Убедлива победа на домаќините

Македонското дерби во ХНЛ за Осиек - Ејупи слави убедлива победа против Ивановски и Китановски

Музафер Ејупи играше малку, само неколку минути како резерва за Осиек, но и се радува на новата победа, овојпат во македонското дерби во Хрватска против Томе Китановски и Мирко Ивановски и нивниот Славен Белупо

објавено: 30 март 2018 - 20:09

Музафер Ејупи играше малку, само неколку минути како резерва за Осиек, но и се радува на новата победа, овојпат во македонското дерби во Хрватска против Томе Китановски и Мирко Ивановски и нивниот Славен Белупо.

Осиек беше убедлив и победи со 3:0, со што остана во трка за настап во европските купови. Ејупи не игра стандардно во последно време, влезе во игра во 80. минута при резултат 2:0 за домашниот тим. на спротивната страна цел меч одиграа Ивановски и Китановски, но без успех и за нив и за Славен Белупо. Екипа која обебзеди опстанок во ХНЛ, што и беше главна цел во продолжението на шампионатот.

Најново во Фудбал