ЈА СТАРТУВА СВОЈАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА

Марио Илиевски во Септември од Софија

Младинецот на Вардар заминува во Бугарија каде што потпиша тригодишен договор со тамошниот прволигаш.

објавено: 16 август 2018 - 14:30

Марио Илиевски, досегашниот член на Вардар, и актуелен македонски младински репрезентативец до 17. години е нов член на тимот на Септември од Софија. Офанзивецот деновиве го комплетираше трансферот во амбициозниот прволигаш од Бугарија, за кого потпиша тригодишен договор.

„Точно е дека заминувам во Бугарија. Направив трансфер и секако дека сум презадоволен што ете се се заврши како што треба. Стартувам интернационална кариера, се надевам дека не погрешив во изборот на клубот и дека ќе ја оправдам довбербата која ми е дадена" - вели младиот играч.

ВЕЌЕ СТРЕЛЕЦ ЗА НОВИОТ КЛУБ

Марио Илиевски досега беше дел од младинската школа на Вардар. Играше за младинскиот погон со две генерации постари фудбалери. Тоа секако говори за неговиот потенцијал и квалитет, секако дополнет со моменталниот репрезентативен статус. Напаѓачот ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на Септември со тоа што меѓудругото постигна и три гола на четири одиграни пријателскис редби за време на подготвителниот период. Илиевски „стрелаше" против Славија Софија, Витоша, и Макаби Тел Авив.

Најново во Фудбал