АДЕМИ И ЖУТА ОБЕЗБЕДИЈА ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА ХРВАТСКА

Маркоски го започна гол-шоуто на АЕЛ Лимасол!! (ВИДЕО)

Во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Кипар како гостин АЕЛ Лимасол со 0:3 убедливо триумфираше над Омонија Арадипу.

објавено: 6 декември 2018 - 09:00

Гол-серијата ја започна македонскиот интернационалец Кире Маркоски кој избегна офсајд позиција и успеа да го матира домашниот чувар на мрежата.

ГОЛОТ НА МАРКОСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 00:23 МИН. ОД ВИДЕОТО:

-КУП НА ХРВАТСКА: АДЕМИ И ЖУТА СЕ ПЛАСИРАА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО-

Динамо Загреб во четвртфиналето на стадионот „Максимир" со 1:0 го елиминираше Славе Белупо со голот на Орсиќ во 22. минута.

Аријан Адеми беше стартер и настапи до 78. минута кога беше заменет од Моро. Освен Адеми, и Леонард Жута со Риека се пласираше во полуфиналето со гостинскиот триумф над Локомотива Загреб (1:2).

За гостите целиот меч го одигра Жута, а во составот и овојпат не беше Дарко Велковски поради повреда. Елиминиран е Хајдук Сплит кај Осиек (1:2), а во поразот Мирко Ивановски играше од 87. мин.

-РОМАНИЈА: СИМОНОВСКИ АСИСТЕНТ ВО ВАЖНАТА ПОБЕДА НА СЕПСИ-

Сепси во 18. коло од најсилното романско фудбалско првенство на домашен терен го совлада ФЦСБ, односно Стеауа со резултат 4:2.

Марко Симоновски кај домашниот тим влезе во игра од 71. минута, а при водство од 3:2 асистираше во 94. минута до интернационалецот од Гана, Менсах, за поставување на конечниот епилог.

АСИСТЕНЦИЈАТА НА СИМОНОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА 08:25 МИН. ОД ВИДЕОТО:

Ова е важна победа на Сепси, вкупно седма сезонава, во битката за една од првите шест позиции на табелата и трката за шампионската титула. Моментно е на петтото место со 27 бодови.

Најново во Фудбал