Пропушти можност да игра против италијанскиот гигант

Милан му побегна на Џани, Алиоски се прости од соиграчите во Лугано

Фудбалскиот клуб Лугано на својата официјална страница потврди дека Езџан Алиоски си оди и веројатно ќе потпише за Лидс јунајтед. Со тоа пропадна можноста популарниот Џани вечерва да игра за Лугано против гигантот од Италија, Милан.

објавено: 11 јули 2017 - 16:55

Фудбалскиот клуб Лугано на својата официјална страница потврди дека Езџан Алиоски си оди и веројатно ќе потпише за Лидс. 

„Алиоски веројатно го имаше последниот тренинг со своите соиграчи. Наскоро би требало да се дефинира неговото заминување во англиски клуб“, пишува на клупската страница на Лугано.

Со тоа популарниот Џани ќе пропушти можност вечерва од 19 часот да игра против гигантот Милан. На „Иланд Роуд“ го очекуваат Алиоски, но се уште нема дефинитивна потврда на неговиот трансфер во Лидс јунајтед.

Најново во Фудбал