ГОЛГЕТЕРОТ НА СЛАВЕН НА ЛЕТО ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА

Мирко Ивановски без договор, интересот расте

Постигнатите 15. кола во хрватскиот шампионат, ќе ги натераат клубовите да се распрашуваат за македонскиот голгетер кој што останува и без договор, односно е слободен фудбалер. Беше поврзуван со Џенова, а се повеќе се споменуваат Риека и Динамо

објавено: 19 мај 2018 - 13:30

По завршувањето на хрватскиот шампионат, Мирко Ивановски е слободен фудбалер. Македонскиот голгетер го сврте вниманието кон себе со головите оваа сезона. Ги постигна вкупно 15, го завзеде третото место на листата на стрелците, и тоа само со гол заостанување зад водечките „бомбардери“. 

Интересот од ден на ден се повеќе расте, а ако се има во предвид дека тој веќе е слободен фудбалер, тогаш несомнено дека ќе биде на „мета“ летово. Веќе се поврзуваше со трансфер во Џенова кај Пандев, а се погласни се шпекулациите за одење во Риека, особено ако овој тим го продаде својот прв стрелец Хебер во некој голем европски клуб. Исто така и Динамо се споменува како клуб каде што би можел да ја продолжи кариерата. 

Ивановски е заслужен за опстанокот на Славен во Хрватска во оваа сезона, а тимот беше во битка и за Европа, но на крајот не успеа да ја избори. 

Најново во Фудбал