ЗА МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН НЕМА МЕСТО ВО ШВЕДСКИОТ ТИМ

Митов-Нилсон на лето го напушта Норчепинг

Тренерот на Норчепинг е презадоволен од сегашниот голман, и тоа е јасен сигнал дека македонскиот чувар на мрежата на лето ќе бара нова средина

објавено: 16 мај 2018 - 12:00

Давид Митов-Нилсон веројатно на лето ќе има нов клуб. Засега македонскиот чувар на мрежата не брани во Норчепинг поради повреда, но тренерот на оваа екипа се повеќе го искажува своето задоволство од сегашниот прв голман на екипата, особено после победата во Гетеборг. 

Шведските медуми веќе почнаа со шпекулациите за заминување во летниот преоден рок кога многу веројатно ќе има нова средина. 

Во последните две години, Митов-Нилсон се мачи со повредите, и никако не може да фати континуитет. За него во минатото беа заинтересирани екипи како Базел, а во зимскиот преоден рок се споменуваше трансфер во шведски АИК. 

Најново во Фудбал