МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА НАДЕЖ СТРЕЛАШЕ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Митровски со гол во успешниот старт на Спортинг Лисабон

Започна официјално новата сезона во португалскиот фудбалски шампионат за играчи до 23. години.

објавено: 18 август 2018 - 16:38

Денеска во првото коло У23 тимот на Спортинг Лисабон со еден неверојатен резултат 4:5 успеа на гости да го совлада У23 тимот на Сетубал.

Во триумфот придонесе македонскиот интернационалец Димитар Митровски (19) со еден погодок во 11. мин. од средбата за зголемување на позитивата од 0:2. Хет-три забележа Леонардо Руиз, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Елвес Балде.

Во следното коло У23 Спортинг на 25. август на домашен терен ќе ги одмери силите против У23 Феиренсе кој на стартот загуби дома со 0:1 од У23 Рио Аве.

Најново во Фудбал