Ново издание на натпреварувањето на талентите

Младинската ЛШ почна со петарди, „настрадаа“ и нашите Миовски и Стојменовски со Карабах

Младинската Лига на шампиони за играчи до 19 години, денеска почна со ново издание, а стартот е во препознатлив стил, со многу голови. Две петарди пукнаа на самиот почеток во режија на Бенфика и на Челзи, а за жал со Карабах во Лондон „настрадаа“ и нашите фудбалери Бојан Миовски и Оливер Стојменовски

објавено: 12 септември 2017 - 16:26

Младинската Лига на шампиони за играчи до 19 години, денеска почна со ново издание, а стартот е во препознатлив стил, со многу голови. Две петарди пукнаа на самиот почеток во режија на Бенфика и на Челзи, а за жал со Карабах во Лондон „настрадаа" и нашите фудбалери Бојан Миовски и Оливер Стојменовски.

Тие беа во стартниот состав на Карабах, екипа која му гостуваше на Челзи и потлекна во второто полувреме. По 45 минути Миовски и Стојменовски со своите соиграчи имаа добар резултат, без голови, а голеадата на англичаните почна во 54. минута. Хадсон-Одои прв ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Ибрахим. Потоа МекКормик постигна хет-трик, а петката ја комплетираше Браун со погодок во 80. минута.

Бенфика со 5:1 славеше против ЦСКА Москва во премиерниот меч, а во моментов се играат уште три натпревари. 

Најново во Фудбал