Во дербито на Ларнака

Мојсов брилјира во АЕК - Ефектен гол на стоперот во дербито на Ларнака (Видео)

Даниел Мојсов игра извонредно и е еден од најдобрите играчи во Кипар, а епитетот кој му го доделија тамошните новинари и фудбалски експерти го оправдува со одлични настапи за АЕК Ларнака. И денеска во дербито на Ларнака Мојсов брилјираше и со прекрасен гол му донесе бод на својот тим против Анортозис

 

објавено: 14 април 2018 - 20:05

Даниел Мојсов игра извонредно и е еден од најдобрите играчи во Кипар, а епитетот кој му го доделија тамошните новинари и фудбалски експерти го оправдува со одлични настапи за АЕК Ларнака. И денеска во дербито на Ларнака Мојсов брилјираше и со прекрасен гол му донесе бод на својот тим против Анортозис.

Во судиското продолжение од првиот дел Мојсов одлично се снајде и со нога го погоди спротивниот агол на домашниот тим за 1:1. Во продолжението немаше голови, па двата клуба кои бијат битка за Европа освоија по еден бод.

Најново во Фудбал