МОРАШЕ ДА ГО НАПУШТИ ТЕРЕНОТ ВО ПРВИОТ ДЕЛ

Мојсов чека резултати од повредата, АЕК во трка со времето

Стоперот мораше да го напушти теренот многу рано во дербито со АПОЕЛ. Денеска беше на прегледи, АЕК со нетрпение ги чека резултатите да се види дали ќе може да игра на реваншот од Купот против истиот тим во среда

објавено: 23 април 2018 - 17:30

АЕК Ларнака во среда го игра вториот натпревар со АПОЕЛ во полуфиналето Купот на Кипар, а можеби на него ќе мора да настапува без Даниел Мојсов на стоперската позиција. Мојсов токму на дуелот со актуелниот првак доби повреда и во 35. минута го напушти теренот.

Мојсов денеска беше на лекарски прегледи, и ги чека резултатите. Во меѓувреме со нетрпение резултатите ги исчекува и неговиот тим, за да види дали ќе може да смета на него во реваншот. Тимот на АЕК се трка со времето и се обидува да го оспособи за овој натпревар.

Во првиот меч, Мојсов и АЕК имаат предност од 2:0 стекната на домашен терен, и ќе се бори за влез во финалниот меч.

Најново во Фудбал