Си фати ред меѓу најдобрите

Мојсов е стандарден во идеалниот тим на Кипар, медиумите велат дека е феномен (Фото)

Даниел Мојсов си фати ред на Кипар и повторно е во идеалниот тим на колото, по одличниот настап за АЕК во големото дерби со Апоел

објавено: 13 март 2018 - 08:01

Даниел Мојсов си фати ред на Кипар и повторно е во идеалниот тим на колото, по одличниот настап за АЕК во големото дерби со Апоел.

Една од двете стоперски позиции во идеалните 11 како да сттанува резервирана за македонскиот стопер, а со многу комплименти медиумите на Кипар ја коментираат неговата игра.

„Ги стави в џеб напаѓачите на Апоел, што воопшто не е елсна работа, особено во дерби со голем електрицитет. Мојсов е мудар играч, кој максимално го користи своето искуство. Не можете да го надитрите, иако ви се чини дека ретко го гледате на теренот. Неприметлив, а многу корисен играч. Еден од најдобрите во АЕК. Игра со ум и е физички многу силен. Тоа се карактеристики што ретко ќе ги најдете во кипарскиот фудбал. Даниел е редок феномен во нашата Прва лига“, коментира Кирјакос Хаџихараламбус, новинар на спортскиот портал „balla.com.cy“.

И навивачите на АЕК се задоволни од игрите на Мојсов за АЕК, екипа за која игра и Иван Тричковски.

„Мојсов ќе биде нашиот капитен во иднина. Браво Даниел“, коментираат симпатизерите на АЕК од Ларнака.

 

Најново во Фудбал