УШТЕ ЕДНО ЗВУЧНО ИМЕ ГО САКА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Може ли „Дијамантот“ во Премиерлигата: Елмас замена за Муса Дембеле!?

Нашиот играч во изминатиот период настапуваше за сениорите во новите натпревари од УЕФА Лигата на нации каде што имавме половичен учинок.

објавено: 18 октомври 2018 - 17:50

Во триумфот над Лихтенштајн во Скопје го одигра целиот натпревар за македонската А репрезентација, а во гостинскиот пораз во Ереван против Ерменија настапи во второто полувреме, а во самиот финиш поради два жолти картони мораше предвреме да го напушти теренот.

Станува збор за еден од нашите најталентирани играчи кој моментно ги брани боите на Фенербахче каде што исто така блеска со своите партии, но она што загрижува се лошите резултати на клубот во турскиот шампионат.

Како што е и веќе познато голем број на европски познати клубови праќаат „скаути" за Елмас, така беше и досега во Лига Европа.

Во трката за Елмас се наоѓаат Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Валенсија, Арсенал, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Севиља...

Сега уште еден премиерлигаш е заинтересиран, станува збор за Тотенхем. Се шпекулира дека Фенер би можел да го продаде нашиот играч на крајот од сезоната, се разбира за сума која што ќе им одговара. Има договор со турскиот клуб до лето 2022. година.

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино би можел да смета на Елмас како долгорочна замена за Муса Дембеле на позицијата централен фудбалер во дресот. Дембеле има договор со Тотенхем до крајот на сезоната.

Најново во Фудбал