Само еден македонски интернационалец ќе игра денеска во ЛЕ

Муарем со Карабах во битка за европска пролет, Сулејманов и Ибраими не играат во меѓусебната пресметка

Муарем Муарем е единствениот македонски фудбалер што е во комбинација за настап, денеска во Европа Лигата за Карабах, во последната битка по групи за европска пролет

објавено: 8 декември 2016 - 15:11

Муарем Муарем е единствениот македонски фудбалер што е во комбинација за настап, денеска во Европа Лигата за Карабах, во последната битка по групи за европска пролет. Противник е лидерот во Ј групата Фиорентина, а Карабах мора да го добие мечот од 17 часот, за сигурен пласман понатаму.

Муарем Муарем игра одлично за Карабах, тим кој го дели второто место во групата со ПАОК. Двете екипи имаат по 7 бода, зад Фиорентина со 10.

Денеска од 19 часот меѓусебе ќе играат Јанг Бојс и Астана, две екипи чии членови се Тауљант Сулејманов, или по ново Сефери и Агим Ибраими. Сефери е во процес на рехабилитација по повредата на коленото и нема да биде во комбинација за настап, а истото се случува и со Агим Ибраими. Играчот на Астана закрепна од повредата, но не сака да ризикува и нема да игра, бидејќи и двете екипи немаат шанси за пласман понатаму.

Најново во Фудбал