Ќе му ги дозира настапите

Муњиз не сака да го загуби македонскиот репрезентативец: Мора да го намалиме темпото за Барди

Планот е Енис да игра со намалено темпо до крајот на оваа година, за да се одмори и да биде подготвен за предизвиците во тешката за играње Ла Лига во Шпанија

објавено: 14 декември 2017 - 15:55

Енис Барди одигра премногу натпревари во 2017 година, а тоа добро го знае Рамон Лопез Муњиз, тренерот на Леванте, кој не сака да ризикува и на подолг период да го загуби македонскиот репрезентативец. Планот е Енис да игра со намалено темпо до крајот на оваа година, за да се одмори и да биде подготвен за предизвиците во тешката за играње Ла Лига во Шпанија. Неизвесно е дали Барди воопшто ќе игра утре против Севилја на гостински терен во меч од 16. коло.


„Мора да внимаваме на здравјето на нашите играчи. Енис е важна алка во Леванте, но ќе мора да го намалиме темпото. Тој сака да игра, но можа да биде опасно и лошо за нас, ако не се дозираат настапите. Не чека тежок меч со Севилја. Сепак ризично е Барди да игра нови 90 минути", вели Муњиз.

Тимот има многу проблеми со повреди на играчите, ги имаше дури 18 за период помал од шест месеци, па изборот на Муњиз му беше стеснет. Леванте има 16 бодови во 15 кола и бие битка за опстанок, иако засега е на безбедната 15. Позиција на табелата во шпанската Прва лига.

Најново во Фудбал