Во обид да се изборат за пласман во највисок ранг

Мурат Јакин бара помош од Мухамед Демири, екс-репрезентативецот на Македонија ќе игра за Шафхаузен

Поранешниот швајцарски репрезентативец Мурат Јакин побара помош од Мухамед Демири и го покани да игра за Шафхаузен во обидот на второлигашот да се пласира во елитната швајцарска лига 

објавено: 8 јануари 2017 - 13:55

Поранешниот швајцарски репрезентативец Мурат Јакин побара помош од Мухамед Демири и го покани да игра за Шафхаузен во обидот на второлигашот да се пласира во елитната швајцарска лига.

Демири има 25 настапи за македонската репрезентација, а роден е во Швајцарија, каде игра од почетокот на кариерата. Играше за Конкордија, за Тун и за Сент Гален, а сега веројатно ќе се пресели во Шафхаузен.

Јакин го презеде кормилото на второлигашот на почетокот на 2017 година и сака да направи сеилен тим што ќе атакува на пласман во Првата Лига. Едно од првите засилувања ќе биде 31-годишниот дефанзивец Демири.

Најново во Фудбал