Слаба е поддршката од соиграчите

На Палермо му останаа само блескавите потези на Несторовски

Палермо продолжува да реди порази во Серија А и се подалеку е опстанокот во Серија А, но нашиот репрезентативец Илија Несторовски продолжи со добрите игри, иако тоа за жал не му донесе повеќе од 10 бода на клубот од Сицилија

објавено: 15 јануари 2017 - 16:56

Палермо продолжува да реди порази во Серија А и се подалеку е опстанокот во Серија А, но нашиот репрезентативец Илија Несторовски продолжи со добрите игри, иако тоа за жал не му донесе повеќе од 10 бода на клубот од Сицилија.

Со прекрасен потег, Несторовски ги заслужи аплаузите на гостувањето кај Сасуоло, откако со петица го проигра Кваисон, а шведскиот интернационалец со погодок му донесе предност на Палермо.

Се потоа беше во знакот на домаќините, кои ја наполнија мрежата на Посавец и славеа со 4:1. Александар Трајковски не доби шанса да му се приклучи на теренот на Несторовски.

Палермо остана на 18. позиција со само 10 бода од 20 натпревари. 

Резултати: Калјари - Џенова 4:1, Сасуоло - Палермо 4:1, Удинезе - Рома 0:1, Наполи - Пескара 3:1, Лацио - Аталанта 2:1, Сампдорија - Емполи 0:0.

Најново во Фудбал