Состанок за иднината на нашиот тандем во Палермо

На Сицилија денеска се крои судбината на Несторовски и Трајковски

Раководството на Палермо денеска ќе одлучува за судбината на македонскиот тандем репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, а на состанок ќе бидат Давор Чурковиќ и Фабио Лупо

објавено: 30 јуни 2017 - 11:31

Раководството на Палермо денеска ќе одлучува за судбината на македонскиот тандем репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, а на состанок ќе бидат Давор Чурковиќ и Фабио Лупо.

Чурковиќ ги застапува интересите на Трајковски и на Несторовски, но тој веќе не е дел од структурите на Палермо, бидејќи си замина со претходниот претседател Зампарини. Сепак се уште има влијание, бидејќи неколку играчи од балканските простори кои играат за клубот од Сицилија се под негова капа.

Лупо како застапник на новото раководство сака да ги задржи и Трајковски и Несторовски, особено вториот барем уште една година. Тоа сепак е речиси невозможна варијанта. За Илија се заинтересирани реномирани клубови од калибарот на Фиорентина, Евертон.., а има понуда и од Кина.

За Трајковски се уште не се знае каде ќе продолжи и дали ќе сака да остане во Палермо, клуб кој од идната сезона ќе игра во Серија Б.

Најново во Фудбал