ТИМОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР СТИГНА НЕГАТИВА

Најденов и Естегал меѓу најдобрите осум во Азија

И покрај негативата од првиот меч со Зоб Ахан, во реваншот Естегал без македонскиот фудбалер во составот, триумфираше со 3:1

објавено: 15 мај 2018 - 20:14

Бојан Најденов со неговиот тим Естегал, се пласираше во 1/4 финалето од азиската Лига на шампиони. Пред полниот стадион денеска, домашната екипа победи со 3:1 над Зоб Ахан, и со вкупни 3:2 обезбеди учество во следната фаза од азиската ЛШ. 

Најденов целиот меч го мина на клупата и беше сведок на триумфот на неговиот тим. Најпрво Естегал водеше со 3:0, а потоа Зоб Ахан брзо постигна гол за неизвесен финиш, но севкупен победник е екипата во која настапува македонскиот интернационалец. 

Најново во Фудбал