ГО НАПУШТИЛ ИРАНСКИОТ ЕСТЕГАЛ ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ

Најденов ја продолжува кариерата во Албанија

Македонскиот интернационалец ќе продолжи да настапува во албанската Суперлига, поточно во редовите на Лачи.

објавено: 14 август 2018 - 08:58

Бојан Најденов потпиша договор на една година со Лачи, со цел да му помогне на тимот да постигне добри резултати во текот на новата сезона и обезбеди место во европските натпреварувања.

Досега 26-годишниот играч од средниот ред ги бранеше боите на иранскиот клуб Естегал, претходно беше дел уште од египетската Смуха, Работнички..

Поради неисплатени плати одлучил да го напушти Естегал, а потоа испрати и тужба до ФИФА. Тој го чека епилогот и одговорот од Светската фудбалска куќа, каде што очекува да го добие случајот и да добие соодветна документација за да биде регистриран како нов играч на Лачи.

Најново во Фудбал