Не доби шанса

Најденов ќе чека трета среќа за настап во техеранскиот котел на „Азади“ (Видео + Фото)

Бојан Најденов ќе ќека трета среќа да заигра за иранскиот гигант Естегал, откако денеска по вторпат беше на клупата за резерви во својот нов клуб

објавено: 12 март 2018 - 18:28

Бојан Најденов ќе ќека трета среќа да заигра за иранскиот гигант Естегал, откако денеска по вторпат беше на клупата за резерви во својот нов клуб.

Македонскиот фудбалер ја санираше повредата и повторно по вторпат беше во составот на Естегал, но пак не доби шанса од Вини Шефер да одигра некоја минута, на дуелот со Ал Аин во азиската Лига на шампиони.

Во прекрасна атмосфера пред 80 илјади гледачи на „Азади“ стадионот Естегал имаше предност од 1:0 по првиот дел, но гостите израмнија на 1:1, што беше и конечен резултат.

Со една победа и три нерешени, Естегал е лидер заедно со Ал Рајан, со по 6 бодови на две кола до крајот на фазата по групи. Ал Аин има 4 бода, а Ал Хилал е последен со само два.

Двете првопласирани екипи ќе се пласираат во осминафиналето.

Најново во Фудбал