Сефте за „80-та“ кај второпласираниот тим во Иран

Најденов му носи среќа на Естегал - Деби во стартната постава за победа од 2:1

Бојан Најденов дебитираше за Естегал како член на првиот состав, а му донесе среќа на својот тим за победа од 2:1 против Нафт Техеран

објавено: 29 март 2018 - 14:35

Бојан Најденов дебитираше за Естегал како член на првиот состав, а му донесе среќа на својот тим за победа од 2:1 против Нафт Техеран.

Најденов имаше мала повреда и извесно време беше на рехабилитација, потоа беше на клупата за резерви, а денеска ја доби довербата на Вини Шефер и за првпат играше за Естегал. Тим кој успеа да направи пресврт и од негатива по првиот дел, победи со головите на Ансари во 76. минута и на Нурафкан во 88. минута.

Естегал е на второто место со 44 бода, 13 помалку од вечниот ривал Персеполис.

 

Најново во Фудбал