Не доби шанса да игра

Најденов не играше на големото дерби, неговиот Естегал славеше голема победа

Бојан Најденов не доби шанса да игра за Естегал на првото големо дерби со Персеполис, откако пристигна во Иран, но секако се радуваше на големата победа од 1:0

објавено: 1 март 2018 - 15:24

Бојан Најденов не доби шанса да игра за Естегал на првото големо дерби со Персеполис, откако пристигна во Иран, но секако се радуваше на големата победа од 1:0.

Нашиот фудбалер беше резерва, а Вини Шефер одлучи да не влезе во игра, па остана без минутажа. Сепак, Најденов ја почуствува феноменалната атмосфера на „Азади“, пред 80 илјади гледачи, а и да и се радува на победата против лидерот и голем ривал од Техеран.

Дербито меѓу Естегал и Персеполис според многу параметри, ривалитет, големина на клубовите, број на симпатизери, капацитет на стадионот, фудбалска страст... е меѓу 20 најголеми на планетата.

Најденов зимава потпиша за Естегал и чека шанса да дебитира како стартер. Стрелец на победничкиот гол за Естегал беше Ворија Гофори во 44. минута.

Најново во Фудбал