МАКЕДОНЕЦОТ ВО ЕСТЕГАЛ ПРЕД ТЕШКА МИСИЈА

Најденов во „битка“ за пласман во 1/4 финале во Азиската ЛШ

Некогашниот фудбалер на Хоризонт и на Работнички, денеска пред полни трибини на свој терен ќе брка предност на Зоб Ахан од 1:0

објавено: 15 мај 2018 - 16:00

Естегал во кој настапува нашиот интернационалец Бојан Најденов, денеска во 18:15 часот, ќе се бори за пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите во Азија. Противник ќе биде тимот на Зоб Ахан исто така од Иран, кој што од првиот меч носи предност од 1:0 на стадионот „Азади“ во Техеран. 

Ќе биде пеколна атмосфера, со оглед дека навивачите на Естегал знаат да направат одлична атмосфера, се со цел нивниот тим да ја анулира предноста. 

Најденов на првиот меч се најде на клупата за резерви, со надеж дека на реваншот ќе добие шанса да настапи и да му помогне на тимот да се избори за пласман во следната фаза. 

Најново во Фудбал