Вртоглаво му расте вредноста на Илија

Наполи го сака Несторовски, Зампарини ги бара Габиадини и Ел Кадури во замена

Илија Несторовски може да биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок, а најзаинтересирани за шпицот на Палермо се Наполи и Бенфика. Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини не го дава лесно Илија, а најави дека сепак е можна одредена варијанта со Наполи

објавено: 11 ноември 2016 - 09:58

Илија Несторовски може да биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок, а најзаинтересирани за шпицот на Палермо се Наполи и Бенфика. Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини не го дава лесно Илија, а најави дека сепак е можна одредена варијанта со Наполи.

„Мојата желба е Несторовски да остане во Палермо. Де Лаурентис се обидува да го ангажира нашиот најдобар стрелец, но тоа нема да оди така лесно. Ако ги понудат Габиадини и Ел Кадури може да разговараме“, вели Зампарини.

Тој покажа дека има извонредно чувство за добар „дил“ кога го купи Несторовски за 500 илајди евра од Интер Запрешиќ. Македонскиот репрезентативец возврати со добри игри и рафална стрелба, па моментно е убедливо најдобар стрелец на Палермо со 6 гола, од вкупно 9 на целиот тим. Головите и игрите на Илија не останаа незабележани, па интерес за него има и од Бенфика. И што е најважно, сега цената му е најмалку 10 пати повисока.

Најново во Фудбал