Репрезентативецот може да избира меѓу Италија и Англија

Навивачите на Лидс го сакаат Алиоски

Играчот на Лугано летово може да ја смени средината

објавено: 22 јуни 2017 - 11:50

Езџијан Алиоски е се поблиску до заминување од тимот на Лугано. Македонскиот репрезентативец имаше одлична сезона во швајцарското првенство и за него интерес покажаа неколку клубови.

Конкретни преговори засега има со две екипи. Италијанскиот калчолигаш Аталанта упати понуда, со надеж дека може да го доведат во Бергамо. Сепак, менаџерот на Алиоски моментно е во Англија, каде преговара со тимот на Лидс.

Екипата која настапува во англиската Чемпионшип лига, бара конкретен одговор дали Алиоски би сакал да игра во Англија. Навивачите на Лидс веќе започнаа притисок за доведување на македонскиот репрезентативец. Тие очекуваат играчот кој дал 17 погодоци и имал 14 асистенции во минатата сезона, да биде вистинско засилување за некогашниот англиски премиерлигаш. 

 

Најново во Фудбал