Нашиот репрезентативец не е во комбинација

Не е пријавен ниту за мечот со Феиренсе - Ристовски ќе почека за деби во Спортинг

Стефан Ристовски ќе почека за деби во Спортинг Лисабон, а и вечерва нема да биде во тимот од Лисабон за гостувањето кај Феиренсе

објавено: 8 септември 2017 - 18:41

Стефан Ристовски ќе почека за деби во Спортинг Лисабон, а и вечерва нема да биде во тимот од Лисабон за гостувањето кај Феиренсе.

Тренерот Жорге Жезус него пријави Ристовски за дуелот со Феиренсе, а непознато е дали нашиот репрезентативец отпатува за Санта Марија Де Феира, каде вечерва од 20 часот лидерот во Португалија ќе се обиде да ја продолжи победничката серија. Спортинг има 4 победи и максимален број на бодови, 12, а го купи Ристовски ова лето како засилување и за домашното првенство, но и за мечевите во Лигата на шампионите.

Најново во Фудбал