Несмасна изјава на тренерот на Црвена Звезда

Не е за секого титула „Гроф“, Божовиќ го потцени Давид Бабунски

Тренерот на Црвена Звезда, Миодраг Божовиќ има интересен прекар „Гроф“, но со изјавата со која максимално го потцени Давид Бабунски покажа дека не го заслужува епитетот

објавено: 21 октомври 2016 - 15:04

Тренерот на Црвена Звезда, Миодраг Божовиќ има интересен прекар „Гроф", но со изјавата со која максимално и сосема непрофесионално го потцени Давид Бабунски покажа дека не го заслужува епитетот. Титулата „Гроф“ очигледно не е за секого, особено по изјавата на Божовиќ за српските медиуми.

„Можат да дојдат да го земат Бабунски, само прво треба да дојдат“, објасни Божовиќ, по интересот на Динамо Загреб и Олимпија за младинскиот репрезентативец на Македонија.

Бабунски не добива шанса во Црвена Звезда, односно игра многу ретко, а од Динамо Загреб и од Олимпија објавија дека се заинтересирани за ангажман на поранешниот член на Барселона Б.

Незадоволни со статусот на Бабунски во Црвена Звезда се и грото од навивачите на клубот, па и тие често го критикуваат Божовиќ, зошто не му дава посериозна шанса на играчот од средниот ред на „црвено-белите“.

 

Најново во Фудбал