Втор гол по ред

Не му пречи и кога е резерва - Ашковски си торпедира во Холандија

Стефан Ашковски пак е стрелец за Фортуна, а тој му носи среќа на клубот од Ситард. Кога нашиот фудбалер погодува Фортуна победува, а Стефан со голот број 11 е во горната половина на листата на стрелците во втората холандска лига

објавено: 9 март 2018 - 21:59

Стефан Ашковски пак е стрелец за Фортуна, а тој му носи среќа на клубот од Ситард. Кога нашиот фудбалер погодува Фортуна победува, а Стефан со голот број 11 е во горната половина на листата на стрелците во втората холандска лига.

Ашковски влезе во игра на почетокот на вториот дел и во 77. минута со гол ја запечати победата на Фортуна против Ајндховен. Гостите слаева со 3:1 и пак се во игра за директен пласман во Првата лига.

Најново во Фудбал