Можевме да имаме одличен играч

Не сакаше да игра за Македонија, ќе потпише за Бенфика

Младинскиот репрезентативец на Шведска, Ердал Ракип ќе потпише договор со португалскиот гигант Бенфика, како засилување од Малме

објавено: 3 јануари 2018 - 14:24

Младинскиот репрезентативец на Шведска, Ердал Ракип ќе потпише договор со португалскиот гигант Бенфика, како засилување од Малме.

Лисабонските „орли“ ќе се засилат со офанзивниот играч на шведскиот првак, а интересно е што Ракип има потекло од Македонија. Имаше и понуда да игра за нашата младинска репрезентација на Европското првенство во Полска, летово, но одлучи да чека повик од Швеѓаните. На крајот 21-годишниот Ракип не беше во составот на „Трите круни“ на ЕП во Полска, но игра во новиот циклус квалификации за младинската репрезентација на Шведска.

Најново во Фудбал