Нов пех на македонскиот репрезентативец

Нема да биде во комбинација за мечот со Шпанија: Агим Ибраими пак се повреди

Агим Ибраими нема среќа со повредите во последниот период и токму кога се врати на фудбалските терени, пак ја обнови повредата

објавено: 19 октомври 2016 - 17:44

Агим Ибраими нема среќа со повредите во последниот период и токму кога се врати на фудбалските терени, пак ја обнови повредата. Утрово на тренинг на Астана во Пиреа, Ибраими имал дуел со еден оед соиграчите по кој почуствувал болка на скочниот зглоб од повредената десна нога. По интервенција на медицинскиот тим на казахстанаскиот клуб, Ибраими го завршил тренингот и веројатно повторно ќе мора да паузира околу еден месец.

Според неофицијалните информации, Ибраими добил совет да мирува дваесеттина дена, па потоа повторно да се врати во тренажен процес, што значи дека нема да биде во комбинација за мечот со Шпанија. Македонската репрезентација на 12. ноември ќе и гостува на „црвената фурија“ во Гранада во квалификациски меч за пат на СП во Русија за две години.

Астана, клуб за кој настапува Ибраими, утре ќе игра против Олимпијакос во Пиреа во меч од фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА.

Најново во Фудбал