Заховиќ може да жали, навивачите на Марибор не го заборавија

Нема послатко - Ибраими царуваше против „неговиот“ Марибор, Домжале победи и стаса до јубилеј од 1.000 бодови

Агим Ибраими беше незадржлив и тоа во меч со многу емоции за него, против неговиот поранеше клуб Марибор, а со асистенција и прекрасни потези го водеше Домжале до победа во дербито и до убав јубилеј

објавено: 14 март 2018 - 11:20

Агим Ибраими беше незадржлив и тоа во меч со многу емоции за него, против неговиот поранеше клуб Марибор, а со асистенција и прекрасни потези го водеше Домжале до победа во дербито и до убав јубилеј од 1.000 освоени бодови во Првата лига во Словенија.

„Со Ибраими, Домжале има нов лик. Агим беше незадржлив и најзаслужен за победата на гостите“, пишуваат словенските медиуми.

Ибраими цели пет сезони беше член на шампионскиот тим на Марибор, кој без проблеми освојуваше титули во Словенија, но разделбата беше непријатна. 

Спортскиот директор Златко Заховиќ предизвика кавга со нашиот поранешен репрезентативец, па Агим Ибраими си замина од Марибор со горчина. По авантурата во Калјари како позајмен играч од Марибор и преселбата во Казахстан во редовите на Астана, Ибраими се врати во Словенија и игра одлично за Домжале.

Најново во Фудбал