Тежок пораз на Палермо

Непробојна Цитадела за Несторовски и Трајковски

Тежок пораз дожиева Палермо во незгоден момент во битката за задржување на врвот во Серија Б, а со 3:0 ги надигра Цитадела и ги симна на петтата позиција

објавено: 21 ноември 2017 - 08:02

Тежок пораз дожиева Палермо во незгоден момент во битката за задржување на врвот во Серија Б, а со 3:0 ги надигра Цитадела и ги симна на делба на третата позиција.

По серијата од 4 меча без пораз Илија Несторовски не успеа како капитен да ги предводи соиграчите до нов меч со позитивен исход. Тој го одигра целиот меч, но одбраната на Цитадела беше непробојна, па бодовите си заминаа од Сицилија. Половина час одигра и Александар Трајковски, кој влезе во игра во 62. минута, но и тој не успеа да ги размрда редовите на Палермо, па поразот беше неминовен. Втор за клубот од Сицилија, кој сега по 15 кола има 25 бода, еден помалку од двете водечки екипи Бари и Парма.

Најново во Фудбал