ОВА КАКО ИДЕЈА ОД БЕЛГРАД

Нестор би можел во Црвена Ѕвезда!?

Дознаваме дека амбициозниот шампион на Србија го посакувал Македонецот во своите редови

објавено: 18 август 2018 - 11:00

До крајот на летниот преоден рок остануваат уште само неколку денови а Илија Несторовски се уште е член на Палермо, но по најновите наши информации од Белград, се чини не за долго. Имено, ова било како идеја таборот на „црвено - белите", Нестор би можел шест месеци или година дена да го предводи нападот на Ц. Звезда. Да биде големо засилување во нападот на екс европскиот и светски првак во веројатно групната фаза во Лигата на Европа.

Убава идеја зошто секако дека, впрочем тоа го изјави и газдата на Палермо Маурицио Зампарини, Несторовски не е играч за Сериjа Б.
Инаку за Несторовски во изминатите месец - два се говореше дека е пред трансфер во Англија, поточно во Евертон, па во Аталанта, Торино, Спал, Болоња, па Удинезе.
На крај ќе видиме како ќе заврши оваа трансфер - сага на капитенот на Палермо и напаѓач на нашата репрезентација.

 

 

Најново во Фудбал