ВТОР ГОЛ НА МАКЕДОНЕЦОТ ВЕЧЕРВА

Несторовски блеска: Носи водство на Палермо од 2:1 (Видео)

Илија е незадржлив

објавено: 25 септември 2017 - 21:49

Илија Несторовски со својот втор гол на мечот против Про Верчели донесе водство на Палермо од 2:1. Капитенот на Палермо игра одлично. По погодокот во 26 минута, кога Палермо израмни на 1:1, Илија на почетокот на второто полувреме по втор пат ги израдува домашните навивачи. 

Повторно по асистенција на Чочев, Несторовски од близина го совлада голманот на гостите за предност од 2:1 на Палермо. Ова е четврти погодок на македонскиот репрезентативец сезонава за Палермо во Серија Б.

 


Ilija Nestorovski Second Goal HD - Palermo 2... by riqezi

Најново во Фудбал