МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПАЛЕРМО ВЛЕГУВААТ ВО РИТАМ

Несторовски даде три гола за 30 минути, еднаш погоди и Трајковски (ВИДЕО)

Илија е новиот капитен на тимот кој во сезоната која што доаѓа, главна загача ќе биде да се врати во Серија А

објавено: 16 јули 2017 - 17:47

Илија Несторовски ќе биде новиот капитен на Палермо во новата сезона на тимот од Серија Б. Тимот од Сицилија испадна од италијанската елита и сега главна задача ќе биде ако може експресно да се врати во Серија А. 

Во првиот контролен меч, Палермо нема милост кон австрискиот нисколигаш Клајнкирхејм. Трајковски даде гол уште во првата минута од средбата, а потоа на сцена стапи и Несторовски. Капитенот на Палермо за точно 30 минути даде три погодоци и водство од 6:1 за италијанскиот тим. До крајот на првиот дел , Палермо даде уште еден гол за убедливи 7:1. 

Се шпекулираше дека Несторовски летово ќе си замине од Палермо, но со добивањето на капитенската лента и по првиот контролен меч, се покажува дека тој повторно ќе биде прва опција во нападот на Палермо. 

Најново во Фудбал