Го ценат неговиот учинок

Несторовски: Давам се од себе Палермо да победува

Илија Несторовски имаше прекрасна полусезона во дресот на Палермо и е убедливо највлијателниот играч на клубот од Сицилија, а во интервју за „Скај спорт“ вели дека и неговите голови честопати не беа доволни

објавено: 4 јануари 2017 - 11:10

Илија Несторовски имаше прекрасна полусезона во дресот на Палермо и е убедливо највлијателниот играч на клубот од Сицилија, а во интервју за „Скај спорт" вели дека и неговите голови честопати не беа доволни.

„Се надевам дека успеав да докажам дека можам да играм во Серија А. Секогаш давам се од себе, иако тоа честопати не беше доволно за успех на Палермо. Ќе продолжам да се борам и се надевам да давам голови за да се избориме за опстанок во Калчото“, вели Несторовски.

Во сабота почнува пролетниот дел од шампионатот, а Палермо игра мошне важен меч со Емполи на гостински терен.

Најново во Фудбал