НОВ ПОРАЗ НА ТИМОТ ОД СИЦИЛИЈА

Несторовски и Палермо тонат кон Серија Б

По кој знае кој пат сезонава, водството од 1:0 на крајот беше претворено во убедлив пораз

објавено: 19 март 2017 - 19:56

Илија Несторовски одигра 81 минута, додека Александар Трајковски остана на клупата за резерви, во поразот на Палермо на гости кај Удинезе од 4:1. Тимот од Сицилија одлично го започна дуелот и поведе со голот на Салаи во 12 минута, но радоста не траеше долго.

Удинезе до полувремето израмни на 1:1, а во вториот дел со многу подобра игра, стигна до убедлив триумф од 4:1. Несторовски беше повлечен од игра веднаш по четвртиот погодок на домаќините, кога беше јасно дека трите бода ќе останат за домаќините.

Палермо остана на 15 бодови по 29 меча и е седум помалку од Емполи, кој е на 17 позиција, во зоната за опстанок.  

Најново во Фудбал