ПО УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ ОД ЕМПОЛИ

Несторовски: Како капитен ја превземам одговорноста

Палермо на гостувањето кај Емполи беше убедливо совлада со 4-0 во рамките на 24. коло во Серија Б. По мечот Илија Несторовски како вистински капитен вината за превзема вината за поразот. 

објавено: 3 февруари 2018 - 09:30

Палермо на гостувањето кај Емполи беше убедливо совлада со 4-0 во рамките на 24. коло во Серија Б. По мечот Илија Несторовски како вистински капитен вината за презеде вината за поразот, по кој сицилијанскиот тим е на третото место на табелата, зад Емполи и Фросиноне.

„Како капитен ја преземам целата одговорност за она што се случи на теренот. На следниот натпревар мора да влеземе со кренати глави. Трката за враќање во Серија А е долга, ние мора да го освоиме првенството", изјави Несторовски, кој во 65. минута беше заменет, додека Александар Трајковски го одигра целиот меч.

 

Најново во Фудбал