Само еден Македонец е стартер вечерва

Несторовски ќе ја напаѓа Пескара, Трајковски и Пандев чекаат шанса од клупа

И покрај тоа што Трајковски беше херој во минатото коло, тренерот на Палермо се одлучи да го остави Македонецот на клупа. Очекувано Несторовски се најде меѓу стартерите. Нашиот капитен, пак, исто така се најде меѓу резервите за Џенова

објавено: 22 декември 2016 - 20:11

Илија Несторовски очекувано се најде во стартната постава, додека Александар Трајковски и Горан Пандев својата шанса ќе ја чекаат од клупата.

Палермо вечерва игра против Пескара а тренерот на овој клуб, Еугенио Корини се одлучи да тргне претпазливо, односно да го остави вториот Македонец во тимот на клупата. Трајковски, кој полека се враќа во форма по повредата и го постигна победоносниот гол против Џенова, ќе почека некоја наредна прилика да тргне од првата минута, рамо до рамо за Несторовски.


За најдобриот играч на Палермо, пак, немаше никакви дилеми околу тоа дали ќе се најде меѓу првите 11.
Мечот меѓу Палермо и Пескара ќе се одигра вечерва во 20:45 часот. Со евентуална победа, Сицилијанците ќе врзат два успеси едноподруго што ќе биде прв ваков своевиден успех сезонава.

Нашиот капитен, пак, исто така се најде меѓу резервите во дуелот против Торино.

 

СОСТАВИ
ПАЛЕРМО: Посавец, Сионек, Гонзалез, Голданига, Рисполи, Јајало, Гаци, Алесами, Квазон, Дијаманти, Несторовски

ПЕСКАРА: Бизари, Кампањаро, Ѓомбер, Форнасиер, Зампањо, Мемушај, Бруно, Бираги, Бенали, Капари, Петинари

 

ТОРИНО: Харт, Запакоста, Росетини, Кастањ, Барека, Бенаси, Валдифиори, Оби, Фалке, Белоти, Љајиќ

ЏЕНОВА: Ламина, Кофи, Бурдисо, Симеоне, Окампос, Лазовиќ, Муњоз, Ринкон, Лаксалт, Нинковиќ

 

Најново во Фудбал