Клубот од Сицилија го прокнижи десеттиот пораз

Несторовски не ја проби римската тврдина, Палермо си ниже неуспеси

Илија Несторовски имаше две убави шанси да ја продолжи гол-серијата во Серија А, но не успеа да ја пробие римската тврдина на Лацио, а Палермо го претрпе десеттиот пораз во Калчото

објавено: 27 ноември 2016 - 14:31

Илија Несторовски имаше две убави шанси да ја продолжи гол-серијата во Серија А, но не успеа да ја пробие римската тврдина на Лацио, а Палермо го претрпе десеттиот пораз во Калчото.

Несторовски имаше одличен обид во 34. минута, но голманот на Лацио, Стракоша одбрани. Во финишот на првиот дел македонскиот репрезентативец уште еднаш биеше опасно, но гостите се спасија и ја исфрлија топката пред таа да влезе во голот.

Лацио беше подобар ривал и ја продолжи долгата серија без пораз. Со погодокот на Милинковиќ Савиќ во 31. минута „римјаните“ успеаја да прокнижат нови три бода и да го прескокнат градскиот ривал Рома на третата позиција, но со меч повеќе. 

Палермо е претпоселеден, но може да му остане и фенерот, ако Кротоне ја победи Сампдорија, денеска од 15 часот.

Најново во Фудбал